Вечерва почнува „Штипска Пастрмајлијада 2016“

Вечерва почнува десеттото јубилејно издание на манифестацијата „Штипска Пастрмајлијада 2016“.

На локацијата „Дујле“ каде што пред некој ден заврши конструкцијата на новиот кружен тек, поставена е сцената за концертните настапи. Синоќа е направена прва проба на озвучувањето и се е подготвено за настапот на музичарите, а угостителите веќе ги поставуваат своите штандови кои денес ќе бидат комплетно спремни.

Отворањето на манифестацијата е во 19 часот, со претставување на традиционалната џиновска пастрмалија.

Првата вечер, главни гости се „ЈУ група“, во сабота се „Рибља Чорба“ а манифестацијата во недела ќе ја затвори Здравко Чолиќ со настап во 23 часот.

И годинава нема да изостанат традиционалните активности, „Трка на келнери“ и „Брзо јадење на пастрмалии“.

 
 
16.09.2016 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега