ДУИ се подготвува за на улица или за во затвор?

 

Европскиот фронт, коалицијата која орбитира околу ДУИ денеска ќе го каже својот став за првите 100 дена на Владата. За разлика од останатите опозициски партии кои тоа го направија вчера, ДУИ за денеска организираше настан во скопски хотел на кој се очекува да дадат повеќе информации за чекорите кои ги планираат.
Од она што може да се види во последните неколку дена, планот е повторно да се игра на етничката карта. Партиските ограноци на ДУИ веќе неколку дена на повеќе места низ Македонија закачуваат транспаренти со кои го повикуваат Ахмети „да се врати“ бидејќи им биле газени правата.
Во ДУИ не кријат дека улични протести е едно од сценаријата кои се надеваат дека ќе ги вратат на власт, иако Премиерот а и Министерот за внатрешни работи најавија жестока реакција на надлежните институции во случај некој да се обиде да креира дестабилизација, сценарио за кое Премиерот предупредува веќе подолг период.
Од друга страна, пратениците на ДУИ во 2 наврати дадоа поддршка за закони за кои беше потребно двотретинско мнозинство што беше повод од СДСМ да стигнат критики дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со ДУИ, позиции кои Мицкоски вчера ги демантираше.
„Нашиот став за ова раководство на ДУИ ви е познат, јасен и нема што да додадеме на тоа прашање“, порача Мицкоски.
Реакција имаше и од коалицијата ВРЕДИ која вели дека останува во Влада со цел да ги испорача ветувањата, а на ДУИ му порача да се подготвува за во затвор.
„ВРЕДИ е дел од владата, за да ја подобри економијата, за да донесе реформи во образованието и здравството, заради развој на инфраструктурата и подобрување на меѓународните односи. Ние сме подготвени да работиме за Албанците, а тие треба да бидат подготвени да одат во затвор“ – изјавил тетовскио градоначалник, Билал Касами.

 

02.10.2024 - 09:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега