Македонска етно венчавка: Ќе удрат тапаните во Новаци

Во општина Новаци денеска почнува тридневната манифестација „Македонска етно венчавка“ чиј покровител е градоначалникот Лазар Котевски.

Годинава, учесници во венчавката се Пеце (41 г.) и Весна (26 г.) Талевски од Новаци, родители на две деца, кои 5 години се во граѓански брак, но не направиле црковна венчавка, информираат од локалната самоуправа.

- Попладнево според  сите македонски обичаи и традиции градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски со неговата сопруга ќе ги канат кумот и деверот, а свадбарите ќе ги прдружуваат членови на три културно уметнички фолкорни друштва од Новаци, Могила и Гермијан. Утре, свадбата продолжува во 15 часот од дворот на општина Новаци каде ќе се вклучи локалното население, а в недела ќе се изведат и обичаите „забрикување на зетот“, „замесување на тесто од страна на сваќата“, и други. Венчавката на Пеце и Весна Талевски ќе се одржи во црквата „Св.Атанасиј“ во Новаци, информираат од општината.

За време на тридневната манифестација „Македонска етно венчавка“ ќе биде приредена и изложба на традиционална народна носија од Пелагонискиот и Мариовскиот регион.

 
 
16.09.2016 - 10:31
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега