Одложено судењето за случајот „Пуч"

Судскиот процес за случајот "Пуч" се одложува поради тоа што во судницата немало поротник. Наредното рочиште е закажано за 1 ноември годинава, пренесе Телма.

Првоосомничен во случајот е екс директорот на ДБК, Зоран Верушевски за шпионажа и помагање на насилство врз државни функционери. Второосомничена е неговата сопруга која го помогнала делото. Четвртоосомничениот Зоран Заев со повеќе лични средби и комуникации, на претседателот на Владата му упатил сериозни закани дека поседува докази против него. Покрај Верушевски и Заев осомничен е и вработен во општина Струмица.

Целата група ќе одговара за насилство кон државни органи, загрозување на уставени поредок и демократски институции, дело кое прв пат се открива во Македонија. 

 

 
 
16.09.2016 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега