Боксерска федерација: Не се памети мерка што толку ќе помогне на боксот во Македонија
Боксерската федерација на Македонија денеска ги поздрави четирите мерки за поддршка на спортот во Р. Македонија кои вчера ги најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, посебно мерката „Директно буџетско финансирање на спортови кои немаат своја организирана лига“ која се однесува токму на боксот.
Од Боксерската федерација велат дека од осамостојувањето на Р. Македонија па до сега не се памети мерка која што толку многу ќе помогне на спортот, посебно на боксот како онаа што беше вчера најавено од Груевски.
Со третата мерка „Директно буџетско финансирање на спортови кои немаат своја организирана лига“ која ќе започне да се реализира во 2017 година се предвидуваат 700.000 евра буџетски средства за развој на спортови кои немаат своја лига. Лигата ќе започне од септември и ќе трае до мај во 2017 година
-Боксот во Р. Македонија досега стагнираше во својот развој, но затоа со промените во раководството се планира издигнување на боксот на пиедесталот што го заслужува своето место. Боксот е олимписки спорт кој што ќе треба да се развива во оваа држава и да застане таму кај што му се местото. Според ветувањето кое што со сигурност ќе биде реализирано ќе треба да направиме боксерска лиг , национална лига која што ќе треба да оперира од 2017 година , вели Игор Златков, претседател на Боксерската федерација на Македонија.
Златков посочи дека во моментов во федерацијата имаат 16 боксерски клубови кој број очекува да се зголемува.
-Ќе имаме квалификационен турнир со кој ќе се одредат кои 8 клуба ќе одат во втора лига, а кои 8 во втората лига. Втората лига ќе биде поделена на исток и запад. Победниците од исток и запад би влегле во втора лига, а последните два од втора лига би испаднале и би чекале шанса за следната година преку турнирот да влезат во втора лига. Сите нови клубови кои што ќе сакаат да земат учество во лигата, рече претседателот на боксерската федерација.
Според најавите на проектот финансирање на лигата ќе се одвива на тој начин што секој боксер кој што ќе победи во натпревар ќе добие 350 евра. Секој пораз ќе биде награден со 150 евра, за нерешен резултат боксерот ќе добие 200 евра. Дополнително ќе има финансиски средства за тренерите по 200 евра од натпревар и за судии, делегати и лекари и по 100 евра за помошниот персонал кој што ќе учествува за време на натпреварот.
Во 2017 година ќе се формира и Македонска боксерска репрезентација која ќе ја претставува Македонија и ќе земе учество на сите турнири и ќе се бори за места на меѓународни првенства.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа