Прва меѓународна конференција за енергетика

 

Во Скопје денеска ќе се одржи Првата меѓународна конференција за енергетика на која е најавено учество на претставници од министерствата, надлежните институции и од бизнис заедницата.

На конференцијата ќе се обрати и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски. 

Домашни и странски експерти ќе говорат за бенефитите, стандардите и развојот на енергетиката во Македонија, како и за можностите за нов циклус на инвестиции на ова поле.

Конференцијата е организирана од страна на консултантските фирми „Манасков“ и „Технички консалтинг“, во соработка со Сојузот на стопански комори на Република Македонија.

 
 
28.09.2016 - 08:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега