Ценовен шок: Значително поскапување на горивата во Македонија
Откако цените на американската нафта и Северноморската нафта претходната вечер пораснаа за повеќе од два долари, утрината повторно паднаа, но само за неколку центи. Барел (159 литри) од северноморската нафта Брент како последно чинеше 48,54 американски долари и со тоа 15 центи помалку од претходниот ден. Цената за барел американска нафта Вест Тексас Интермидијет падна само за четири центи на 47,01 долар.
Под притисок на падот на цената на нафтата, државите членки на ОПЕК за првпат по цели осум години постигнаа согласност за намалување на производството на сурова нафта. Потоа цените на нафтата знаеја само една насока.
Трендот на поскапување на најбараниот енергенс се очекува да продолжи.
Во Македонија, следната корекција на малопродажните цени е закажана за 3 октомври.
Актуелните цени се за околу 1,5 долари по барел повисоки од оние пред две недели. Оваа недела поскапувањето на горивата се очекува да биде за околу 1 денар по литар, но затоа, при следната корекција, на 17 октомври, доколку се задржи овој тренд, можеме да очекуваме вистински ценовен шок и горива поскапи и за над 5 денари по литар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа