Скопјани и охриѓани најзаглавени кај банките
Скопјани и охриѓани се најзадолжени кај банките, без разлика од видот на кредитот и дали станува збор за станбен или за потрошувачки кредит, пишува „Нова Македонија“. Според податоците на Народната банка на Македонија, околу две третини од долгот на домаќинствата се концентрирани во пет општини.
-Сите кредитни производи ги вклучуваат градот Скопје и општината Охрид, додека другите три општини се разликуваат во зависност од кредитниот производ. Односно, по основа на станбени кредити спаѓаат и Битола, Струмица и Тетово, за потрошувачки кредити - Битола, Тетово и Штип, за кредитни картички и негативни салда по тековни сметки - Битола, Прилеп и Штип, а за автомобилски кредити - Битола, Тетово и Гостивар, стои во извештајот на НБМ.
Минатата година, домаќинствата се задолжиле кај банките вкупно 89,3 милијарди денари или 1,45 милијарда евра и на годишна основа се зголемил за 4,57 милијарди денари, Кредитите од банките во износ од 83,9 милијарди денари, се всушност најголем дел од вкупниот долг на домаќинствата, покажуваат податоците на НБМ.
Според податоците на НБРМ, 72, 3 отсто од вкупната задолженост на домаќинствата, им припаѓа на потрошувачките и автомобилските кредити, пречекорувањата на тековни сметки, кредитни картички и други кредити, пишува Нова Македонија/