Јанакиески до граѓаните и компаниите: Забрзајте ја постапката за изготвување елаборат за легализација

 

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески при денешната посета на екипите кои го асфалтираат патот на манастирот Трескавец, повторно апелираше граѓаните и компаниите кои немаат геодетски елаборат, да ја забрзаат постапката на негово изготвување.

- Ја користам и оваа прилика да потсетам дека околу 200.000 граѓани се уште немаат изготвено елаборат кој е основен документ за да се легализира дивоизградениот објект. Тоа да го сторат што поскоро. Остана уште една година од процесот на легализација, но мора да се забрза постапката за изготвување елаборат, рече Јанакиески.

Сите општини го имаат почнато процесот, имаат и заклучоци, а Министерството за транспорт и врски, посочи, направи инспекциски увид.

- Сите што немаат изготвено елаборат, граѓани и компании иако имаат поднесено барање, си го доведуваат во прашање легализирањето на објектот, нагласи Јанакиески.

Во процесот на легализација на дивоизградените објекти во земјава се поднесени вкупно 360.000 барања, од кои за околу 200.000 се уште нема изготвено геодетски елаборати.

ФОТО: Влада.мк

најчитано сега