Единаесет лица тешко повредени - немирна ноќ во Скопје

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на вкупно 15 сообраќајни несреќи, во кои се повредени 11 лица.

Како што информираа за МИА од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци. 

Санкционирани се 12 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, четворица возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, 10 возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон и тројца возачи кои поминале на црвено светло на семафор.

Затекнати се и 34 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 97 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај. 

 
 
14.10.2016 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега