Гостиварчанец криел богатство во тоалетот

Во 20 часот и 30 минути во Полицијата во Гостивар, 46-годишниот А.Љ. од Гостивар пријавил дека непознат сторител извршил тешка кражба во неговиот стан.  Сторителот со погоден предмет ја отворил влезната врата, влегол внатре и без претурање, од тоалетот, поточно од разводната табла во која биле поставени водоводни вентили, пронашол и одзел најлонска кеса во која имало помеѓу 15.000 и 16.000 евра и помеѓу 60.000 и 120.000 денари, по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 
 
14.10.2016 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега