Паника во Неготино: Ова е девојчето што го бараме, влези во кола!

Завладеаа голема паника меѓу родителите во Неготино. Во средата  околу 18 часот пред основното училиште „ Страшо Пинџур“ за малку ќе се случело киднапирање на дете кое се враќало дома од училиште.

Настанот се случил на стотина метри подалеку, во близина на спортската сала ,,Младост“. Извор за Фокус  од полициската станица во Неготино ни потврди дека е пријавен обид за киднапирање дете, а осомничените биле приведени кратко време по пријавата.

 Две машки лица и едно женско, по потекло од Кочани, Кичево и Кавадарци, со возило го пресретнале девојчето кое што било на десетгодишна возраст во близина на спортската сала. Тие почнале да довикуваат од автомобилот – ,,Ова е девојчето кое што го бараме, влези во колата“ и слично. Испаничено, тоа почнало да плаче и да бега, а во тој момент се појавил и неговиот татко кој доаѓал да го пречека. Осомничените, кога го забележале таткото, веднаш побегнале, но набргу по пријавата биле лоцирани и приведени на разговор во полициската станица во Неготино.

Тие биле сослушани, но нивните изговори биле дека само сакале да се пошегуваат. Против нив била поднесена кривична пријава, а потоа биле пуштени на слобода.

 

 

 
 
15.10.2016 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега