Лани во Македонија 22 дечиња загинале во сообраќајки - ова може да спаси живот!

Во текот на минатата година во Македонија 22 дечиња загинале во сообраќајни несреќи. Црните статистики покажуваат дека несреќите и трагедиите можеле да се намалат ако се користело детско седиште. Употребата на детски седишта ја намалува смртноста кај децата за 50 отсто, а кај бебињата и до 70 отсто, апелираат од РСБСП.

Статистиката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) покажува дека во 2015 година, од 148 загинати лица во сообраќајни незгоди, 22 биле деца до 18 години, а девет од нив биле деца на возраст до четири години.

Инаку, според законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој стапи во сила во октомври минатата година, во автомобил на задното седиште смее да се превезува дете помало од 5 години во поставено посебно детско седиште, кое за седиштето од возилото е прицврстено со сигурносен појас или на друг соодветен начин. За возачите што не ги почитуваат одредбите од Законот предвидена е казна во износ од 35 евра или ќе им бидат регистрирани 15 негативни бода.

 

 

 
 
22.10.2016 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега