Кривичниот суд одлучи: Одбиено барањето на СЈО

Скопска единица денеска извести дека го одбила барањето на Специјалното јавно обвинителство за одземање на пасошот на неколкумината осомничени во предметот „Тендер“.

Во одлуката на судот се вели:

„Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) за определување мерки за претпазливост против две лица опфатени во предметот на СЈО во јавноста познат како „Тендери“, пред судуја на претходна постапка на 28.10.2016 година беа повикани двете лица кои во присуство на нивните бранители и претставник на СЈО се произнесоа во врска со предлогот. По завршување на распитот судијата на претходна постапка со решение од 28.10.2016 го одби предлогот на СЈО, за определување на мерки за претпазливост, како неоснован, а по писменото изготвување решението е експедирано до странките. Против ова решение странките имаат право на жалба до Кривичниот совет во рок од 24 часа по приемот на решението“.

Специјалното јавно обвинителство покрена истражна постапка под кодно име „Тендери“, a се однесува на склучување договор меѓу Министерството за култура и правното лице „Бетон Штип“ за извршување завршни градежни работи на Музејот на ВМРО.

Освен првото правно лице во овој случај, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, осомничени се и три други лица од Комисијата за јавни набавки од истото министерство.

- „Бетон Штип“ без спроведена постапка, односно без јавна набавка, ги извршувал градежните работи и кога бил објавен огласот за јавна набавка, формално учествувал во постапката. Од Министерство за култура до „Бетон“, заклучно со 31 декември 2013 година, биле исплатени 54.501.336 денари - кажа обвинителката Фатиме Фетаи на прес-конференција.

 
 
31.10.2016 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега