ВМРО-ДПМНЕ: Новата медицинска опрема ќе се набавува во наредните неколку години

ВМРО-ДПМНЕ ја добива поддршката од граѓаните токму поради проектите кои ги нуди и на кои напорно работи да се реализираат. Токму затоа СДСМ кога е здравството во прашање не отстапува од залудните очајнички обиди сто пати да каже лага и да се надева дека ќе успее да ја протне како вистина.

Ова го истакнува ВМРО-ДПМНЕ во пишаната реакција на изјавата на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов кој посочи дека во Буџетот за 2017 година не постои ставка од 33 милиони евра за медицинска опрема, туку ставка од само 4,5 милиони евра и тоа за три години, што ги предвидела Владата за здравството и 4,5 милиони евра што треба да треба да ги предвидат самите установи.

- Денес е најавена набавката на нова медицинска опрема во секој град во државата, во вкупна вредност од околу 33 милиони евра, во наредните неколку години. Во секој град во државата ќе биде набавена нова медицинска опрема за секоја јавна здравствена установа, болница (клиничка, општа или специјална), здравствен дом, како и за болниците и клиниките во Скопје, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ. 

Токму здравството, се додава, беше еден од најзапоставените ресори кога ВМРО-ДПМНЕ ја доби честа одговорноста од народот да ја предводи Владата на Република Македонија. 

- Владата на ВМРО-ДПМНЕ постојано работи на подобрување на квалитетот на здравствениот систем. Бидејќи постигнувањето на квалитет не е возможно без инвестиции во нова опрема, во нова апаратура и во висока технологија, досега вложивме повеќе од 115 милиони евра за оваа намена - паралелно со зајакнувањето на кадровскиот потенцијал и создавањето на современи просторни услови, се потенцира во реакцијата.

Опремата која ја набавивме, се прецизира, ги следи најсовремените стандарди и со неа драстично се влијае на подигнувањето на квалитетот, но и прецизноста во дијагностицирањето на многу болести и можноста воопшто да се прават некои интервенции. Набавката на нова опрема продолжи и во периодот на најголемата политичка криза, затоа што навистина има многу да се надомести.

- ВМРО-ДПМНЕ ги исполнувало ветувањата кои им ги дава на граѓаните, па така ќе го исполни и ова ветување за реализација на овој грандиозен проект во здравството. Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, се посочува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Шилегов. 

 
 
31.10.2016 - 18:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега