Изгоре кафуле во Куманово - пожарот ги зафатил и соседните станови

Вистинска драма се одвивала синоќа во Куманово кога се запалил познат угостотелски објект. Кумановските пожарникари во два часот изутринава интеревенирале на опожарен угостителски објект, лоциран на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ на локалитетот „Поток Серава“. Пожарот бил пријавен во 1 часот и 52 минути по полноќ, а целосно бил локализиран во 3 часот и 25 минути.

- Интервенрирано е со две противпожарни возила и шестмина пожарникари, изјавил командирот на Територијалната противпожарна единица Куманово Дејан Илиевски.

Во пожарот причинета е значителна материјална штета, целосно се опожарени масите, столовите и целокупниот инвентар во објектот. Покрај овој објект, од пожарот штета имаат и становите лоцирани над кафе-барот, оштетени се стакла на прозорците и зачадена е внатрешноста на становите.

Екипа на СВР Куманово изврши увид на местото. 

 
 
01.11.2016 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега