Во здравството во Велес се вложува само кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Велес ја изразува својата силна поддршка на новиот МЕГА проект во областа на здравството кој вчера го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,  Никола Груевски.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ Велес

Новиот проект значи модернизација на јавните здравствени установи, подобри услови за работа на здравствените работници и, она што е најважно, подобри здравствените услови и услуги кои им се нудат на граѓаните.

Овој проект е посебно значаен бидејќи се однесува на набавка на нова медицинска опрема за болниците во сите градови во Република Македонија, во износ од 33 милиони евра. Односно, ќе се набават 3.700 медицински апарати за потребите на повеќе од 100 јавни здравствени установи. На овој начин здравството во нашата држава ќе се обнови и осовремени, а ѓраѓаните ќе имаат поквалитетно здравство, чекор поблиску до современите европски трендови.

Новиот мега проект во здравството за набавка на медицинска опрема има голема важност и за Велес! Во општатата болница и здравствениот дом во Велес, како и во специјалната болница во Јасеново ќе се обезбедат 80 нови медицински апарати во вредност од 921.000 ЕВРА. Општата болница ќе добие најсовремен, дигитален рендгенски апарат кој овозможува зголемена точноста на дијагнозите, снимки со подобар квалитет, намалување на штетното зрачење, зголемен број на третирани пациенти за пократко време и намалено време на чекање. Понатаму, преку набавка на ФАКО апарат, проектот овозможува развој на одделението за офталмологија, посебно при интервенциите за катаракта. За јавните здравствени установи во Велес ќе бидат набавени и апарат за анестезија, два нови респиратора, автоклав, централна мониторинг станица за мерење на витални функции, апарат електомиографија, апарат за ехографија со секторска и конвексна сонда, апарат за видео колоноскопија и голем број други апарати.

Со новиот проект за набавка на современа медицинска опрема во јавните здравствени установи уште еднаш се потвдрува фактот дека ВО ЗДРАВСТВОТО ВО ВЕЛЕС СЕ ВЛОЖУВА САМО КОГА ВМРО-ДПМНЕ Е НА ВЛАСТ. За разлика од минатото, кога постоеше целосна запоставеност на болницата и другите здравствени институции, овие последни неколку години Велешани видоа што значи вистинска грижа за развој на здравствениот систем. За разлика од пред десетина години кога здравстото во Велес го водеше СДСМ и немаше набавка на опрема, денес јавните здравствени установи во нашиот град располагаат со голем број нови апарати по највисоки медицински стандарди. Разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се делата. Дозволете ми во оваа прилика да набројам дел од нив:

  • Извршени се темелни реконструктивни зафати на зградата на Општата болница Велес за кои се вложени околу 1,5 милиони евра – целосно се реновирани одделенијата за хирургија, гинекологија, педијатрија, интерното и одделението за физикална медицина. Привршува и новиот проект за реконструкција на главната болничка зграда со кој се поставува нова термоизолациона фасада, нови прозорци и врати и целосно внатрешно уредување на одделенијата за гинекологија, интерно и очно/ушно одделение;
  • Покрај реконструкцијата, за болницата набавени се и 65 нови апарати во вкупна вредност од 1,7 милиони евра, и тоа дигитален мамограф, компјутерски томограф, биохемиски анализатор, гинеколошки ултразвучен 4-Д ехо, анастезиолошки апарат и друга современа дијагностичка апаратура.
  • Целосно е реконструирана и модернизирана зградата на Специјалната болница за белодробни заболувања во с.Јасеново за што се инвестирани преку 2 милиони евра. Реновирани се до темел сите павилјони, инсталацијата, изградена е нова станица. Исто така, се набави и нова апаратура во вредност од 500 илјади евра, и тоа: бронхоскоп, рентген апарат, ехо на срце и абдомен, коронарен стрес-тест, Холтер за срце и притисок и други.
  • Во Здравствениот дом во Велес, реновирани се амбулантите Ташевиќ и Панче Васков, набавени се биохемиски анализатори, хематолошки бројачи, ЕКГ апарати и друга нова апаратура и нови возила за Итната медицинска помош.
  • Во Центарот за јавно здравје извршени се реновирања и набавени се гасен хроматограф, микросион за микробиологија, ламинарна комора, стабилизатор, И-Це-Ер апарат и друга апаратура.

Големиот број проекти кои ги реализиравме, како и најавените нови проекти за модернизација во македонското здравство, ја отсликува основната разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. За разлика од политиката на СДСМ на лажни и нереални ветувања, манипулации и деструкција, стои политиката на ВМРО-ДПМНЕ која се базира на програма, јасна цел и принципи до кои се држиме. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад дадениот збор и ги исполнува ветувањата. На 11-ти декември граѓаните повторно ќе изберат програма, проекти и дела.

 
 
01.11.2016 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега