СИТЕЛ: Мега проектот за опрема во здравството ќе ги опфати болниците низ целата држава

Побрза и попрецизна дијагноза и лекување во местото на живеење .... Ова се бенефитите што ќе ги добијат граѓаните од внатрешноста со набавката на нова медицинска опрема што како дел од програмата ја најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Битолската болница треба да добие сонда за биопсија на простата што ќе овозможи воведување нова метода која досега ја немало не само во оваа установа туку и во цел Југозападен регион. Пациентите ги препраќале во Скопје. Апарати за спирометрија и ултразвучна терапија е само дел од опремата за охридската болница а подновување ќе има и за гинеколшкото одделение во Прилеп. Здравствените работници задоволни што ќе добијат подобри услови за работа.

- Ова за нас ќе значи значително олеснување во процесот на работата, побрза дијагностика и спас за пациентите, вели др. Владо Кузмановски, уролог во болницата во Прилеп

- Овие апарати ќе ни послужат да се модернизираме да ги отстраниме старите апарати  и со нови апарати да надополниме и уште што е поважно некои од апаратите веќе ни се вклопуваат во таа развојна политика да и понатаму воведуваме нови медицински методологии со цел нашите граѓани што помалку одат во други градови  за обезбедување на здравствена заштита, изјави  Љубен Арнаудов директор на ЈЗУ Општа болница Охрид.

Според најавата, некои градови и здравствени центри за прв пат ќе добијат современа медицинска опрема и ќе бидат воведени нови методи за лекување. За пациентите значи спас од патување и по стотици километри за добивање на неопходната услуга. 

Подигнување на нивото на здравствените услуги и спасување на многу човечки животи. Лекарите велат со опремување на болниците ќе дојде и до намалување на листите на чекање.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека со инвестицијата од 33 милиони евра ќе бидат набавени 3700 апарати за повеќе од 100 здравствени установи во сите населени места. Набавката ќе биде спроведена во рок од 4 години со прецизни рокови за секој апарат. 

 
 
02.11.2016 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега