Панов излезе со отчет за сработените проекти во Кавадарци во изминатата година

Од општината Кавадарци и локалната самоуправа како и секоја година така и оваа излезе со отчет до сите граѓани како изминатиов период тие ги трошеле општинските финансии.

-Во градот како и во целата општина, асфалтиравме патна инфраструктура во должина од 20 илјади метри квадратни и поплочивме седум ипол илјади метри квадратни. Го изградивме кејот на реката луда мара во должина од 250 метри и обезбедивме финансиски средства од Владата на Република Македонија за негово довршување до брушанскиот мост.  Исто така завршивме и со партнерното уредување на површината над лепотиците и продолживме со реализација на мини пазарчето на истата локација. Спортската сала Јасмин целосно ја осветливме со квалитетни лед светилки и ја приспособивме за квалификацискиот турнир на нашата репрезентација , а тука исто така спаѓа и уредувањето на дворот на истата оваа сала. Освен овие проекти ние го реализиравме и проектот за проширување на западниот булевар и поркај големите тешкотии и пречки од страна на одредени субјекти. Годинава направивме и реконструкција на кровната конструкција на основното училиште Тоде Хаџи Тефов, како и промена на котел на истото училиште, вели градоначалникот Александар Панов.

Тој исто така посочи и дека во текот на изминатава година е реконструирана и кровната конструкција на средното училиште Кире Спанџов-Брко, отпочнато е реконструкција на старата лабораторија и нејзино приспособување во детска градинка, отпочнато е и изградба на концертната сала за потребите на музичкото училиште, како и во тек е завршната фаза од реконструкција на домот за култура.

-Исто така сакам да потсета и дека во тек е четвртиот повик за избор на јавен партнер за решавање на паркирањето во градот , дониравме финансиски средства за средување на подовите во ученичкиот дом од Кавадарци и инвестирани се над 600 илјади евра од страна на јавното препријатие Комуналец на средната висока зона и цевководот до Дрекслер мајер во должина од над три илјади метра. Исто така Кавадарци годинава стана град со европски едноцифрен број на невработеност, како резултат на кризата со откупот на грозјето успеавме да набавиме дополнителни субвенции за лозарите и во текот на оваа или следната година ќе добијат дуплиран износ на субвенции, потенцираше Панов.

Градоначалникот упати и апел за сите граѓани на оштината да ги испратат своите креативни идеи за трошење на буџетот за 2017 година и да го преточат во писмена форма доставено во општата.

 
 
03.11.2016 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега