Ѓорчев меѓу граѓаните: Она што е потреба ќе биде наша политичка понуда

Во рамки на средбите со граѓани кои високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ ги остваруваат со цел да се соберат идеи и предлози за претстојната програма за предвремените парламентарни избори, Влатко Ѓорчев вчера беше во посета на Урвич.

Во Урвич се отвори и нов штаб на ВМРО-ДПМНЕ, за која што Ѓорчев подвлече дека има многу добра структура и организирана структура.

-Ова значи дека ги имаме во предвид буквално сите населени места во 6-та изборна единица. Целта е да се контактира со што е можно повеќе луѓе. Ќе зборуваме со нив, ќе прибираме идеи за програмата, ќе ја објаснуваме нашата програма. Сакаме до што е можно повеќе луѓе да допреме. Важни се прашањата кои што се поврзани со локална инфраструктура, училишта, потреби на граѓани. Сето она што е нивна потреба, треба да биде политичката понуда, подвлече Ѓорчев.

Додаде дека сите досегашни проекти кои ги има реализирани партијата се најава за оние следни проекти кои што ќе ги спроведе ВМРО-ДПМНЕ.

-Нашата мисија и задача е да решиме што е можно  повеќе проблеми на граѓаните, заклучи Ѓорчев.

 
 
10.11.2016 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега