Македонската полиција на нозе: Исчезнаа три лица - меѓу нив малолетници

Три лица исчезнаа во ист ден. Во македонската полиција стигнале пријави за двајца исчезнати малолетници и една млада девојка.

Во првиот случај, Р.А. директор на Јавна установа-Детски дом  „11-ти Октомври“, се јавил во полициска станица и пријавил дека петнаесетгодишно девојче, корисник на домот, без одобрение на воспитувач се оддалечила во непознат правец.

Исто така, во полиција е пријавено и исчезнување на 14 годишно девојче од Домот, кое излегло и веќе не се вратило.

    
Истиот ден во 11 часот и 30 минути во полиција во Велес, 57-годишната Д.Ц. пријавила дека околу 10 часот и 15  минути нејзината 24-годишна ќерка Д.Д. излегла од куќата и заминала во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
    

 
 
15.11.2016 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега