Им се заканил дека ќе ги убие и им ја демолирал куќата - вистински хорор за мајка и ќерка од Скопје
Вчера попладне, 45 годишниот С.Д. ја демолирал куќата во која живеела скопјанката М.И. и нејзината ќерка.
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на улицата “Славеј Планина“ во Скопје, кога С.Д., дошол пред куќата на 58 годишната М.И. и со метална шипка ги скршил стаклата од прозорите и вратите. Според скопјанката, насилникот упатувал и сериозни закани по нејзиниот живот и животот на нејзината ќерка.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
06.08.2013 - 12:18