Германија ќе инвестира 60 милиони евра за обнова на Сирија
Германската федерална влада преку невладини и меѓународни организации ќе обезбеди 60 милиони евра за обнова на Сирија.
Средствата ќе бидат искористени за образование, помош за децата и поддршка за внатрешно раселените лица, а германската федерална влада ќе учествува во неколку проекти за помош на Сирија. Сепак, парите нема да бидат директно испратени до сириските власти, јавува „Дојче веле“ повикувајќи се на министерката за економска соработка и развој на Германија, Свења Шулц.
Според Шулц, хуманитарната ситуација во Сирија по падот на режимот на Асад е катастрофална – 90 % од населението живее во сиромаштија и зависи од хуманитарната помош. Голем дел од локалната инфраструктура беше уништен за време на граѓанската војна, која трае од 2011 година.Германската федерална влада преку невладини и меѓународни организации ќе обезбеди 60 милиони евра за обнова на Сирија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа