Критична состојбата на Даниел Трајковски Близнакот - МВР тапка во место

Даниел Трајковски, Близнакот кој беше застрелан на почетокот на неделата се наоѓа во критична состојба. Тој е приклучен на апарати и лекарите се уште се борат за неговиот живот.
Во меѓувреме истрагата тапка во место. Полицијата информира дека по наредба на Обвинителството презема мерки но до овој момент нема апсолутно никакви резултати. Се уште не се знае ништо. Ниту кој пукал, ниту каде, ниту пак кои биле причините.
Дел од медиумите објавија дека Трајковски станал жртва на луѓето кои ги рекетирал.
Близнакот важи за познат лик во скопското подземје. Има дебело кривично досие полно со дела од областа на насилниот криминал. Важи за близок до опозициската СДСМ и функционира како телохранител на раководството на партијата.

 
 
16.11.2016 - 22:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега