ФОТО: Со автомобилот се забил во дрво - страшна несреќа го разбуди Кичево

На Ѕидот на сообраќајниот срам, популарната група на социјалната мрежа Фејсбук, за сообраќајни прекршоци, се појави фотка од страотна сообраќајна несреќа во Кичево, која се случила утрово.

Во 4 часот и 50 минути изутринава, 24-годишниот Ф.Г. од Албанија управувајќи „Ланд Ровер“ во кој имало уште двајца сопатници, изгубил контрола над возилото поради неприлагодена брзина и излетал од коловозот, па удрил во дрво на пешачка патека, на која за среќа немало луѓе, пренесе Курир.

За среќа, жртви нема, причинета е само материјална штета.

Полицијата со повеќе детали во текот на денот. 

 
 
24.11.2016 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега