Тетово: Направиле сообраќајка па му ја искршил главата

Вистинска драма се одвивала во тетовското село Џепчиште. Според податоците од полицијата, 50-годишниот Р.А. од селото Џепчиште околу 18.20 часот, движејќи се со камион „Ивеко“ удрил во возило „Пежо“ управувано од страна на 37-годишниот С.М. од Тетово. По сообраќајката помеѓу нив настанала вербална расправија. Во расправијата Р.А. физички го нападнал возачот на пежото удирајќи го со тупаници во пределот на главата при што му нанел тешка телесна повреда.

По ова го напуштил местото на настанот, а С.М. го пријавил настанот во СВР Тетово.

 

 
 
24.11.2016 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега