-Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при вршење надзор над изборното медиумско претставување на Трговското радиодифузно друштво 24 Вести ДООЕЛ Штип, констатираше дека овој радиодифузер спротивно на одредбите од член 76 став 4 од Изборниот законик, емитувал платено политичко рекламирање во посебни информативни програми, соопштија од АВМУ.
Надзорот се однесува на периодот од 21 до 22 ноември 2016 година.