Петти ден од кампањата: Предизборните карвани ќе ја претстават програмата
На петтиот ден од кампањата за предвремените парламентарни избори, Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Валандово и Гевгелија, додека предизборниот караван на СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ денеска ќе ги посети Виница и Кочани.
Демократската партија на Албанците ќе одржи митинг во село Отља во општина Липково, а Алијансата за Албанците изборната програма ќе ја претстави во Чаир и Студеничани.
Носителите на кандидатските листи во изборните единици 1 и 4 од Коалицијата „ВМРО за Македонија“, Ден Дончев и Љубчо Георгиевски, денеска ќе имаат средби со граѓани во Скопје.
Граѓанската асоцијација МОСТ на прес-конференција ќе го презентира првиот извештај од досегашниот тек на набљудување на изборниот процес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа