Груевски пред струмичани вети спортски сали, затворен базен, детски градинки

Во Струмица планираме реконструкција на 4 училишта и ќе изградиме 3 нови спортски сали и тоа во Муртино, во училиштата „Сандо Масев“ и во „Никола Вапцаров“. Предвидуваме нов затворен базен со ватерполо димензии за Струмица и струмичани.

Ова го истакна Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во четвртата изборна единица, при вчерашната посета на Струмица.

gruevski-strumica1

-Се предвидуваат и 2 повеќенаменски игралишта, 2 двојни тениски терени, 4 кошаркарски- баскет игралишта, една фитнес зона на отворенои повеќе други значајни работи за младите. Ќе отвориме две детски градинкисо капацитет меѓу 500 и 600 деца, истакна Груевски.

gruevski-strumica2

Додаде и дека ќе бидат издвоени нови 600 милиони евра во наредните 4 години, односно по 150 милиони евра, секоја година за македонските земјоделци.

 
 
25.11.2016 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега