Уште една несреќа на македонските патишта

Во петокот, во 20:30 часот на автопатот Неготино-Демир Капија се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил со велешки регистерски ознаки управуван од Л.Г. (26) од Богданци и работна машина-багер.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во автомобилот, З.П. (36) од Богданци.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица-Неготино.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 
26.11.2016 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега