Тешка сообраќајна несреќа на патот кон Струга - едно лице го загуби животот

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што утрово се случи на патот Струга – Ќафасан, во близина на селото Франгово.

Според првичните информации, автомобил марка „Форд фиеста“ со струшки регистарски ознаки управуван од сега починатиот од непознати причини излетал од патот.

Полициски службеници и јавен обвинител вршат увид и повеќе информации најавија за во текот на денот. 

 
 
27.11.2016 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега