ВИДЕО: Првата песна на Марко Бошњак е балканска химна, а ја пее на македонски!

 

Сите оние кои беа присутни на овогодинешното издание на фестивалот на детската песна Златно Славејче” со нетрпение го очекуваа настапот на гостинот од Босна и Херцеговина, малиот славеј од Прозор/Рама кој има само 12 години и јавноста го знае како победник на Пинковите Ѕвездички.

Спецификата беше во тоа што тој за првпат отпеа песна на македонски јазик (што е воедно и негов прв официјален сингл), напишана од нашиот реномиран кантавтор и продуцент Александар Митевски, насловена како Ние децата”. Марко разбуди многу воздишки кај присутната публика и сите коментари одеа во насока на тоа дека ова “чудо од дете”, дефинитивно поседува огромен талент и глас.

1marko

Авторот Митевски беше воодушевен од соработката и објави дека оваа песна е напишана специјално за неговите вокални способности и долго време себруселадодека го добила својот финален лик. Во рамките на гостувањето и настапот наЗлатното Славејче”, продукцијата ПИКАДО – креативен колектив”, создала и документаристички видео спот од моментот на снимањето на песната, дружењето со децата и настапот на фестивалот. Фановите на Марко Бошњак ширум Балканот, од денес ќе имаат прилика да ја слушнат и видат оваа нумера која наскоро ќе добие и своја српско-хрватска верзија.

По природа многу скромен и срамежлив, голем другар на сите деца и секогаш расположен за средби со своите фанови, малиот Марко е многу среќен што од љубовта кон Македонија и поддршката која ја ужива тука се изроди прекрасна песна по негова мерка, која дефинитивно ќе стане балканска химна на сите деца, каде и да ја пее.

 
 
08.12.2016 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега