Есма починала во болница- нагло и се влошила состојбата

Кралицата на ромската музика Есма Реџепова-Теодосиевска (73) починала во болница, вели за „Фокус“ нејзината менаџерка Весна Ѓорѓиевска. Есма подолг период имала проблеми со шеќерот, но редовно одела на контроли, така што никој не очекувал дека може да се случи најлошото.

„Вчера нагло ѝ се влоши состојбата и таа почина во болница. Сè почна со проблемите поради шеќерот, а на крајот се јавија и проблеми со дишењето, па таа не издржа. Не ни кажа ништо пред смртта, не ни остави некој аманет, не бараше ништо, не ни кажа за некоја неостварена желба, последен збор… Беше скромна, така и си замина, од никого не барајќи ништо, никому не кажувајќи ништо“, вели за „Фокус“, Весна Ѓорѓиевска, долгогодишната менаџерка на музичката ѕвезда.

 

 
 
11.12.2016 - 18:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега