Страшна сообраќајка во Македонија

Во 05 часот и 45 минути на магистралниот пат Струмица – Ново Село, на влезот во селото Дабиле, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Фолксваген Голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот С.М. од селото Василево и возило „Хјундаи Галопер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 67-годишниот К.Т. од селото Муртино.

Според податоците од полицијата, во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.М. кој по укажаната лекарска помош во Медицински центар Струмица, бил пренесен на понатамошно лекување во Клинички центар Скопје. Со тешки телесни повреди се здобил и К.Т., кој по укажаната лекарска помош е задржан на лекување во Медицински центар Струмица.

Увид извршила увидна екипа од СВР Струмица. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 
26.12.2016 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега