Маж од Студеничани направи голем грев за 50 денари

Педесетгодишниот С.А. од село Студеничани е осомничен дека ограбил три цркви во периодот од 8 до 13 месецов, информира денеска Министерството за внатрешни работи во редовниот билтен.

Полициската станица Ресен поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „тешка кражба“. 

Според МВР, пријавениот на 8 декември влегол насилно во црквата „Свети Јован Богослов“ во село Љубојно и одзел 50 денари. На 13 декември, пак,  насилно влегол и во црквите „Свети Петар и Павле“ во село Подмочани и „Свети Никола“ во село Рајца од каде одзел различни банкноти и монети.

 
 
27.12.2016 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега