Драма во Куманово: Ја ограбил со пиштол на главата

 

Засега непознат сторил вчера вечер вечерта извршил вооружен грабеж во маркетот „Елида“ во кумановската населба Карпош при што одзел 57.000 денари.

Како што соопшти полицијата во Куманово, кражбата била извршена во 19 часот и 26  минути кога крадецот влегол во маркетот и со закана со пиштол кон вработените го одзел дневниот пазар. 

- Крадецот влегол во маркетот, го извадил пиштолот и го вперил кон една од вработените, која успеала да го притисне копчето за аларм. Тој ја забелажал и ја удрил по главата, потоа ја принудил да оди кон магацинот, каде што нејзината колешка му ги дала парите. Сторителот уште еднаш ја удрил вработената по главата по што избегал во непознат правец, информираат од полицијата.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 
28.12.2016 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега