Македонија пред нафтена криза: Можно е да снема горива на македонските бензински пумпи
Една недела цистерни со гориво не можат да влезат во земјава и да извршат дотур на нафтени деривати. Триесет цистерни чекаат за влез во земјава на граничните премини, но рампите остануваат спуштени за камионите со гориво. Евзони кај Гевгелија е затворен за сообраќај поради штрајкот на грчките земјоделци, но проток на цистерни нема ниту на граничниот премин Дојран кој е во функција како алтернатива, додека за нафтоводот сеуште се чека на Владата. Од Окта велат дека доколку не се најде решение ќе се почуствувата првите знаци на криза со гориво, со оглед на тоа дека количината за влез е 750.000 килограми дизел,објави 24Вести
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа