МВР: Бомба кашикара фрлена пред врата во скопски Хиподром

Жител на скопската населба Хиподром утрово нашол неексплодирана бомба Кашикара во својот двор.
Како што информираат од МВР, во 10:20 часот граѓанин го пријавил случајот по што полициски екипи веднаш излегле на терен.
Констатирале дека станува збор за рачна граната Кашикара.
Се уште нема информации како бомбата завршила во дворот на скопјанецот и дали станува збор за случајност или пак можеби некаква закана.

 

 

 

03.03.2017 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега