Со пушки влегле на бензинска во Скопје

Двајца непознати сторители ноќеска украле околу 28.000 денари од бензинска пумпа на улицата „Перо Наков“ во Скопје.

Како што соопшти полицијата, сторителите биле маскирани, а пред да ја извршат кражбата, во 3 часот и 10минути му се заканиле на вработениот со автоматска пушка. Потоа го удриле со пушката по главата и заминале во непознат  правец.

Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

09.03.2017 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега