Единствен излез од кризата: Или нови избори, или Заев да ја отфрли тиранската платформа и да формира влада со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Одржување на парламентарни избори или откажување на Тиранската платформа, а со тоа и поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за влада на СДСМ. Ова е понудата која ВМРО-ДПМНЕ ја упати до СДСМ и нивниот лидер Зоран Заев.

Втората опција, практично значи дека ВМРО-ДПМНЕ прифаќа да оди во опозиција, а со тоа СДСМ да управува со државата доколку таа се откаже од прифаќањето на барањата кои се наведени во платформата од Тирана. Во овој случај, понудата на ВМРО-ДПМНЕ значи дека СДСМ повторно ќе може да формира влада и со албанските партии и дополнително да има поддршка од 100 пратеници во законодавниот дом, но доколку СДСМ и Заев се откажат од прифаќање на Тиранската платформа.

-Ако албанските партии ја донесат СДСМ на власт, ние сме подготвени да ја поддржуваме како малцинска влада со нашите пратеници доколку се откаже од законот за јазиците, платформата од Тирана и редефинирањето и урнисувањето на државата. Ако толку по секоја цена сака Заев да биде премиер, нека не удира по државните и националните интереси. Нека ја спроведува програмата од изборите без редефинирањето. Нека удри и по нас, ама не по државата и нејзините темели. Еве јас доброволно ќе прифатам ако тоа му е услов на Заев да ме уапсат, затворат и малтретираат, а ВМРО-ДПМНЕ да го поддржува како малцинска влада колку време сака до наредните избори кои заедно би ги договориле, нека удри по мене, само нека се откаже од удирање по темелите на државата заради желбата да е на власт. Ова нека го сфати како јавна понуда, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред околу две недели.

ВМРО-ДПМНЕ ја повторуваат и остануваат на понудата.

 

 

 

13.03.2017 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега