Донација од германскиот Црвен крст за училишта од поплавените региони

 Црвениот крст на Република Македонија денеска официјално ќе прими донација од Црвениот крст на Германија која се состои од помош во опрема за училишта кои беа погодени од поплавите во Скопско и Тетовско на 6 август 2016 година.

Обезбедена е поддршка која содржи по еден лаптоп-компјутер, еден ЛЦД-проектор и едно платно за проектирање за шест основни училишта во поплавениот регион.

Донацијата ќе биде предадена во присуство на претставници од амбасадите на Германија и Австрија кои, како што посочува Црвениот крст на РМ, се негови долгорочни партнери во обезбедувањето поддршка за ранливите групи на население.

Црвениот крст потсетува на преземените акции по невремето и поплавите од минатото лето - покрај интервенциите за укажување прва помош, спроведени се и голем број акции за расчистување, парични средства, донации на храна, хигиенски продукти, облека, едукации на населението за справување со катастрофи, активности за зајакнување на капацитетите на заедницата итн.

 

 

 

20.03.2017 - 08:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега