Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на средба со Тобијас Зек
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Никола Груевски денес имаше разговор со Тобијас Зек член на германскиот парламент, член на Советот на Европа, потпретседател на ЕПП во Советот на Европа и член на партијата ЦСУ од Германија.
Груевски го запозна соговорникот за најновите политички случувања во Македонија, за изборната измама што поразениот СДСМ ја направи со прифаќањето на Тиранската платформа по изборите, со револтот кај граѓаните заради оваа мега изборна измама, обидот за ставање на мнозинството Македонци во опозиција наспроти мнозинството Албанци во власта, намерите за редефинирање на државата наспроти волјата на народот, со нарушувањето на правилото за коалицирање победник со победник кое беше воспоставено по барање на ДУИ и на меѓународната заедница и барањето на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за брзи предвремени парламентарни избори заедно со редовните локални избори, со што би се дала можност на гласачите да се изјаснат за платформата која криминалецот Заев ја прифати за да се спаси од одговорност за сторените кривични дела и барање мито на компаниите.
Груевски потенцираше дека сите досега превземеми чекори на ВМРО-ДПМНЕ се во склад со демократските принципи и пракси, но и дека постојат нараснати тензии кај населението кое веќе 30 дена без прекин масовно протестира против оваа изборна измама низ улиците на над 30 градови во Македонија.
Покрај овие теми во разговорот се дискутираше и за можните ризици од нова мигранска криза, при што Груевски потенцираше дека се додека ВМРО-ДПМНЕ управува со земјата, границите на Македонија ќе бидат заштитени, и покрај огромните напори и финасирања на Институтот отворено општество во обратен правец. Средбата со Тобијас се одржа во Малта, каде од утре почнува самитот и конгрес на Европската народна партија, каде свое учество ќе земе и делегација на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа