Трагедија во Скопје- почина четиригодишно дете

Вчера во 13 часот и 30 минути во Скопје, на улица „Цветан Димов“ се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило  „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано 62- годишен Б. Б. од  Скопје удрил во пешак – четиригодишно девојче од  село Моране. 

Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди по што со друго возило било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде по укажаната лекарска помош, во 21 часот и 30 минути  часот истата починала.

По незгодата Б.Б. бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Истиот е задржан во ПС Бит Пазар, а на денес  ќе биде изведен пред надлежен судија.

 

 

 

 

19.04.2017 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега