Пензионер дивеел со нож - драма во Тетово

Во текот на вчерашниот ден во 13 часот и 40 минути во Полицијата во Тетово, 51-годишниот Б.С. од селото Пирок се јавил во полиција и пријавил дека истиот ден околу 12  часот, додека работел во неговата адвокатска канцеларија лоцирана на булеварот „Илинденска“ во Тетово, во канцеларијата влегол 72-годишниот В.А.од селото Бродец,  и почнал да дивее со нож.

Полицијата информира дека старецот во еден момент извадил нож и замавнал кон тетовчанецот, со што му нанел расекотина во пределот на левата рака. Б.С.  го извадил столчето на кое седел со намера да го спречи насилникот да му се приближи. Кога го пуштил столчето со цел да избега од канцеларијата,  В.А. го фатил истото и му задал удар во пределот на десното рамо. Б.С.  успеал да излезе од канцеларијата, а В.А. продолжил да го брка држејќи го ножот во рака.

Адвокатот исплашен за својот живот, влегол во судот кај судскиот полицаец и побарал помош. За тоа време В.А дошол пред судот каде што бил приведен од полициски службеници. 

На повредениот му била укажана лекарска помош.

 

 

 

19.04.2017 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега