Сообраќајка на патот Росоман-Прилеп - тројца повредени

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа на патот Росоман-Прилеп, потврдуваат од Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Кавадарци. 

- Според првичните информации кои ги имаме, камион излетал од патот кај клисурата близу кавадаречкото село Фариш. Истовремено е побарана помош од брзата помош од Кавадарци и Прилеп. Еден од повредените е пренесен во Прилепската болница, а двајца во Кавадаречката, информираше за МИА началникот на Службата доктор Антоан Паракеов.

Едното од лицата пренесени во Општата болница во Кавадарци било потешко, а другото полесно повредено. 

 

 

 

19.04.2017 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега