Инцидент во македонски локал, има повредени

Тежок инцидент се случи вчера во бифе во  с. Кривогаштани.

- Вчера околу 18.30 часот во бифе во Кривогаштани, прилепско, дошло до  меѓусебна расправија помеѓу 41-годишниот М.Х. од с.Локвени и 42-годишниот Н.М.од с.Брезово, демирхисарско. Во еден момент Н.М. со нож му нанел убодна рана на М.Х. во пределот на левото белодробно крило. Истиот бил пренесен и задржан на лекување Општа болница Прилеп, соопштуваат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС Прилеп. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

20.04.2017 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега