Автобус се заби во автомобил кај Штип, има тешко повредени

На крстосницата од регионалниот пат Штип-село Софилари и магистралниот пат Радовиш-Штип-Велес, вчера околу 16:15 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Дачија Логан“ со прилепски регистерски таблици управувано од В.П. (58) од Виница и автобус со кочански регистерски ознаки управувано од Љ.Г. (32) од село Спанчево. Во незгодата со тешки телесни повреди (фрактура на подлактица, кичма и карлица) се здобила сопатничката од патничкото возило, Д.П. (54) од Виница, која по укажаната лекарска помош во Медицински центар-Штип, поради сериозноста на повредите била пренесена во Клинички центар-Скопје. По незгодата на лекарски преглед се јавиле двајцата возачи и 17 патници од автобусот, кај кои биле констатирани телесни повреди. Кај возачот на патничкото возило, В.П. констатирана била тешка телесна повреда (фрактура на градна коска) и по укажаната лекарска помош бил пренесен на понатамошно лекување во Клинички Центар-Скопје. Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од СВР-Штип, а возачите биле алкотестирани и притоа не било констатирано присуство на алкохол во крвта.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

01.05.2017 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега