Пукање во скопско Бојане

Синоќе околу 00 часот и 40 минути во село Бојане, скопско, додека 33- годишниот Н.З од село Бојане се движел кон својот дом со моторно возило марка „Форд Ка“ со скопски регистарски ознаки, во него било пукано од страна на непознато  машко лице од патничко моторно возило  „Ауди“.

Од пукањето било скршено стакло од возилото „Форд Ка“.

После настанот  Н.З. отишол дома.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.

 

 

 

04.05.2017 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега