Малолетник од гостиварско удри моторциклист

Вчера околу 14 часот 15 минути во Гостивар, на улица „Беличица“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел Вектра“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од село Д.Бањица, гостиварско и мотоцикл –непозната марка без регистарски ознаки, управуван од 70 - годишен Р.И.  од Гостивар.

Р.И. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Гостивар, каде му се констатирани тешки телесни повреди и како итен случај бил препратен во Ургентен центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Гостивар.

 

 

 

06.05.2017 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега