Павле Васкопулос: Во Грција нема “лева” или “десна” опција околу македонското прашање, има една иста - “национална” партија

Иако голем дел од македонската јавност се надеваше дека со доаѓањето на Сириза и Ципрас за Премиер на Грција, сосотојбите можат да се променат во пизитивна насока пред се кон македонското малцинство, сепак изминативе две години нема никакви промени. Павле Воскопулос, од Виножито, партијата на Македонците во Гцрија, во интервју за Прес24, вели дека нема никакви промени, а тоа го поткрепува со позицијата дека во Грција за ова прашање нема леви и десни партии.

-Нема “лева” или “десна” опции окулу Македонското прашање. Има само една иста “национална” партија. Нема современа Македонска нација. Крајно “десни” ќе ти викат “уа Скопјани”, а крајно “леви” во стил “уа Славијани”. Во Грција има државни структури што решават далеку од пратиските гледишта што во суштина и Сириза не е “лева” партија, вели Воскопулос за Прес 24.

Тој потеницра дека генерално Грција, како и секогаш, не сака Република Македонија да има процес на просперитет. Причината ја лицира во тоа што просперитетна Република Македонија може да биде мотивација за будење на македонското малцинство во Северна Грција.

-Ово е прав “кошмар” на Грчката држва од 1991 година и распадот на поранешна Југославија до денес. Бидејќи замислите Република Македонија следните години да има стабилни влади, подигнување на стандардот, брзо членство во НАТО и после ЕУ, подобрување на економскиот стандард на државата, а Грција обратно. Проблеми со финансиите континуирано, паѓање на стандардот и сл. Може паралелно припадниците на малцинството да гледа позитивно окулу Република Македонија со позитивна перспектива во ЕУ. При таков процес логично е да има засилување на македонскиот национален идентитет во северна Грција, особено при асимилирано или полу-асимилирано македонско население. Просперитетна Република Македонија е “кошмар” за Грците-националисти и пошироко окулу “разбудувањето” на Македонското население во северна Грција, вели Павле Воскопулос во интервјуто за Прес24.

 ПРЕС24: Како грчката јавност ги оценува состојбите во Македонија и промената на власта која е на повидок?

 

ВОСКОПУЛОС: Во Грција ситуацијата окулу Република Македонија е генерално маргинилизиран случај, а воопшто и евентуалните вести последните години.  Економските проблеми во Грција се топ теми и токму овај период Грција и Брисел разговарат за мерките од финасиски аспект што го окупираат грчкото општество игрчкиот политички естаблишмент. 

Селективно инцидентите во Парламент во Скопје добија место во сферата на мас медиумите во Грција. Овие денови селективно имаше и анализи на луѓе-новинари-политичари што при разговорите индиректно посочуваа на распад на државата. Фокусирани со “ентузијазам” околу евентуалните меѓуетнички судири, како скриени желби на “експетите во Грција окулу Република Македонија.

Генерално Грција, како и секогаш, не сака Република Македонија да просперира. Секогаш сите овие години од независноста на Република Македонија, Грција не посакува напредок. Ниту делува позитивно во рамките на ЕУ како полноправна членка уште од 1981 година. Причината е дека просперитетна Република Македонија може да биде мотивација за будење на македонското малцинство во Северна Грција. Ово е прав “кошмар” на Грчката држва од 1991 година и распадот на поранешна Југославија до денес.

Ниту пак, имат посебен став околу нивата власт во Републиката. Стандардно е создаден став дека во соседната земја на Грција, дали Глигоров тогаш, или Груевски пред неколку месеци, Македонците се националисти. Има Грчка поговорка како Грк проценува комшијата или странец и вели … “кринеис екс идион та аллотриа”. Во превод…”Проценуваш туѓуто спрема своето…”. Со други зборови типичен Грк националист (повеќето се такви) смета дека таков е и другиот…

ПРЕС24: Очекувате ли од новата власт во Македонија некои промени во поглед на грижата и комуникацијата со Македонците во Грција?

ВОСКОПУЛОС: Не е очекувано нешто посебно или различно кога станува збор за македонското малцинство во Грција и односите со владата во Република Македонија. Секако и не треба принципијелно да има некаков вид “интервенции”, но сигурно може активно да го поставува прашањето на Македонците протерани од родните огништа, жртви на граѓанската војна во Грција 1946-48 година. Може, бидејќи многу од нив дури и “децата бегалци” имаат во суштина две државјанства. Првото е Грчко, бидејќи се родиле во Грција и како грчки граѓнаи биле протерани или со сила да бегат, од другата страна пак после перипетиите во поранешниот Источен Блок, голем дел се сместени во тогашната Југославија. Логично добиле и југословенско државјанство, а после 1991 година македонско. Токму таму има идеален терен која било власт во Република Македонија да го поставува ова прашањена сите билатералните разговори дури и во присуство на странци.

Ние од Виножито ова идеја ја претставивме и на Киро Глигоров  во 90-те. Да се истакнува пред странскиот фактор дека токму овај случај може да ги зближи двете држави, бидејќи станува збор во суштина за исти граѓани на двете држави.  За деталите, евентуалното враќање во родниот крај тоа на пример, наследството, обешетувања и се окулу тоа, можат двете држави да го решаваат… Суштината е за нас коиживееме во северна Грција, како Македонското население треба да работи кон добивање на човекови и малцински права. Ово го правиме принципиелно многу години, но за жал грчката држава тоа го одбива упорно. Најбитното е дали во Грција ќе има конечно реформа и ќе ги имплентира минимум меѓународните стандради околу почитувањето на малцинските заедници во државата. Грција не признава македонско малцинство и се уште нема направено идеолошка реформа окулу темата, конкретно признавање и почитување на посебна современа македонска нација на Балканот.

Којабило власт во Републиката не може да помогни ако нема реформа во самата Грција. За жал до денес нема во Грција обид за промени на ово поле.  Замислите дека и турското малцинство одбиваат да го признаат како турско, туку како “муслиманско”. Економската криза пак ги натера припадниците на македонското малцинството да се интересират повеќе окулу личните, фамилијарните фининсиските проблем, отколку добивање на малцински права.

Генерално од грчка гледна точка пак познато е дека е во “полза” на Грчката држва и условно речено грчките национални интереси од интерес е да не просперира Република Македонија. Да нема политичко промирување и нормален тек на работите.

ПРЕС24: Зошто не сака?

ВОСКОПУЛОС: Бидејќи замислите Република Македонија следните години да има стабилни влади, подигнување на стандардот, брзо членство во НАТО и после ЕУ, подобрување на економскиот стандард на државата, а Грција обратно. Проблеми со финансиите континуирано, паѓање на стандардот и сл. Може паралелно припадниците на малцинството да гледа позитивно окулу Република Македонија со позитивна перспектива во ЕУ. При таков процес логично е да има засилување на македонскиот национален идентитет во северна Грција, особено при асимилирано или полу-асимилирано македонско население. Просперитетна Република Македонија е “кошмар” за Грците-националисти и пошироко окулу “разбудувањето” на Македонското население во северна Грција.

ПРЕС24: Грчките медиуми неколку пати пишуваа за можен засилен притисок од САД и Европа врз грчката влада по смената на власта во Македонија со цел обезбедување гаранции за брз прием на Македонија во НАТО под привремената рефернца. Можно ли такво нешто?

ВОСКОПУЛОС: Има такви пишувања и шпекулации при грчките анализи околу темата. Позната е одлуката на Меѓународниот Суд околу грчкото “вето” од 2008 година во Букурешт. Познато е како Грција го прекрши “договорот” од 1995 година конкретно да не спречува членство со името “Поранешна Југословенска Република Македонија” во меѓународни асоцијации, организации и се околу тоа.

Македонската дипломатија е одговорна како да се делува при овај случај, особено окулу НАТО и членството. Не сум граѓанин или политичар во Републиката за да зборувам повеќе за темата. Во САД и во ЕУ.Познато е дека во прекуокенаската земја има промена со новиот Претседател од една страна, но американската дипломтска машинерија, структурите во големата држава што има традиција ишто е создадено, не може да ги менува главните “траси”, надворешната политика и се окулу тоа.

Во ЕУ има своја транзиција, промени на Влади, Претседатели (како Макрон во Франција) избори, така што не е прв приоритет интеграција на земијите кандидати. Ќе треба време за во ЕУ членство, впрочем и во Република Македонија мора да има соодветни реформи, а пред се конечно изградување на најважната институција за демократија, судството. Ова е фундамент за здрави чекори напред. Се разбира мора конечнои во НАТО структурите да делуват позитивно иза надминување на веќе застаренотогрчко “вето”, кое денес е ирелевантно. Особено после судската одлука имаа можност да се “заобиколи” технички и паметно грчкото “вето”. Со техничко решение Грција немада биде повредена, а Република Македонија ќе стане членка на ова важна Организација. Се разбира треба конечно во НАТО структурите да делуват соодветно, а сигурно најкорисно е македонската страна да “турка” кон ова решение. Може да се претставува и како Вин-Вин решение.

ПРЕС24: Какви се расположенијата за обновување на разговорите под медијаторство на Метју Нимиц?

ВОСКОПУЛОС: Во Грција воопшто не се зборува околу оваа тема. Познато е како стојат работите. Околу македонското прашање пак финансиската криза во Грција последните 7 години е некој вид “лото” за Грција окулу националните прашања и односите со Република Македонија.

Вешто можат да одбегнуват решение. Конкретно околу наметното од Грција “име” прашање на државата и евентуален компоромис.  Сега било кој грчки Премиер-структури, може да се “вади” кон странците и Медијаторот со аргументација во стил…”Ние во Грција имаме многу тешкотии со економијата, навистина грчкото општество има проблеми со реформите и многу е тешко да имплементираме во Парламентот реформи при финансиската сфера. Сите плаќаме огромни политички штети. Ако навистина при националните теми како Скопјанското правиме компромиси ќе имам додатни проблеми, па дури и паѓање од власт… затоа ве молам не барајте многу од мене...“

Не е чудно слично да се аргументира и кон Медијаторот од грчка страна, но ова не држи бидејќи токму грчото општество е уморно и преокупирано со економската криза. Нема сила да ги притиснува политчарите окулу македонското прашање и грчкиот проблем при евентуален компромис. Треба да живееш тука и да знаеш да ја почувствуваш атмосферата и менталитетот на просечен Грк тука. Ние Македонците во Грција, можеме. Токму најлесно може било која грчка влада да го промени став. Само да сака. Може и Грција да влези во решението под мото “Меа Цулпа” окулу темата името на Република Македонија и наметнатиот од грчката страна проблем со “името” на независна држава Република Македонија. Само да сака…

ПРЕС24: Каква е моменталната состојба на Македонците во Грција. Дали со владата на Ципрас има некое подобрување?

ВОСКОПУЛОС: Ситуација окулу македонското малцинство е слична како и за сите граѓани. Нема никаква промена или друга политика со новата влада скоро две години во Грција. Некои луѓе и во Републиката мислеле дека ако е “лева” партија на власт за прв пат во Грција, но во суштина не е воопшто “лева опција”. Продолжење на старото. Добронамерни Македонци во Републиката имајќи искуството од минатото, особено протераните од нашите краишта за време на граѓанската борба …мислат дека со Ципрас и Сириза ќе бидат позитивено настроени кон македонското прашање. Суштината е дека не е така. Нема “лева” или “десна” опции окулу Македонското прашање. Има само една иста “национална” партија. Нема современа Македонска нација. Крајно “десни” ќе ти викат “уа Скопјани”, а крајно “леви” во стил “уа Славијани”. Во Грција има државни структури што решават далеку од пратиските гледишта што во суштина и Сириза не е “лева” партија.

Слично се надевале Македонците во Републиката (од протераните и пошироко) дека со ПАСОК тогаш, е демек Социјалистичка партија и ќе делува поинаку од конзервативците на власт. Минатиот период докажува дека ПАСОК ништо не направи за рехабилитација на своите граѓани Македонци.

Слично продолжи и со Митсотакис и Нова Демократија во почетокот на ’90-те после 1993 година со враќање на власт на ПАСОК и Папандреоу стариот…Слично е и со Сириза денес на власт.

Македонците пак тука припадниците на малцинството се во истиот воз-економската криза како и просечниот Грк граѓанин. Како што е истрениран просечен Грк, број еден интерес да му биде личното задоволство, слично мисли и просечниот Македонец. Себичноста стана број еден интерес  последните години и како “круна” на главата на финансиската криза. Никакво подобрување нема окулу легислативата, ниту во позитивна насока окулу правата на Македонското население.

ПРЕС24: Неодамна на грчката нацеионална телевизија се појави документарец посветен на музиката, во кој се слушаа македонски песни.. За што точно стануваше збор и како тоа одекна во јавниста таму?

ВОСКОПУЛОС: Ова е исклчок.Оваа емисија е прв пат на националната телевизија да има презентирање на македонското пеење. Благодарејќи на Македонците во нашите краишта што работат на културно-музичко поле сите овие години и бидејќи има реткост во новинарството во Грција (новинари кои се бројат на прстите на едната рака…) што ќе спомнат нешто околу малцинството барем “наоколу”. Инаку дури и при такви емисии нема да видиш или да се употребуваат термини “Македонска музика” (ретко) или “Македонска култура” туку… “локална музика” од “локални” луѓе. Тука се употребува терминот “нтопиои” или “ентопиои”, значи “локален”. Македонци пак нема при ова емисија на грчката национална телевизија. Има само “Непостоечки” што вешто го употреби терминот Македонец пријателот во емисијата. Значи не е случајно туку режимски се зборува околу темата и вешто да се одбегнува македонштнината околу термините. За јавноста позитивно беше примено, ама не со некои “овации”. Како што реков погоре економските проблеми на секоја фамилија се број еден интерес последните години.

ПРЕС24: Македонцте во Албанија успеаја да се изборат за една резолуција на европските националности, со која се нотираат голем број точки за кои се очекува подбрување од Владата во Тирана. Која е вашата оценка за таа резолуција?

ВОСКОПУЛОС: Таквирезолуции имаме добиено неколку и ние окулу македонското малцинство во Грција.  Виножито е повеќе години член на ова Светската организација ФУЕН. Имаме организирано дури и манифестација-средби, презентирање во Европскиот Парламент (Виножито-ФУЕН) конкретно презентирање на Комисијата одговорена на малцинските прашања. Резолуции и апели од ФУЕН кон грчите власти имаше и во минатото. Секако ова е позитивно делување таму како што се случи и со Македонците од Албанија. Позитивно делување на Македонците и така треба секогаш принципиелно. Лобирање и работање за добивање права или подобрување на правата на Македонското население-малцинства на Балканот. Честитки за нашите Македонци во Албанија за делувањето. Мотивација за уште повеќе.

ПРЕС24: Колки ваквите резолуции можат нешто реално да променат. Со оглед на тоа што за Грција има безброј вакви или слични резолуции и препораки?

ВОСКОПУЛОС: Реално да кажеме дека поинаку беше во ’90-те, а  поинаку  е денес и секако дали е една држава кандидат или не во ЕУ или во друга Светска асоцијација. Грција има добиено безброј критики, ама од позиција на член на ЕУ, НАТО, Европскиот Совет и сл. Имаше малку влијание и промена на политиката. Ако беше Грција кандидат при светските организацији, асоциајции ќе беше поинаку. Тогашво минантите децении не беше актуелно прашањето околу малцинските или човековите права, тогаш Грција од други прични се интегрира кон Западните структури. (Решено беше да биде кон Западниот Блок уште во Јалта 1945 год.) Грција не го признава македонско малцинство и покрајрезолуции, критики или апели. Дури и од експертите од ОН или Советото на Европа што ги посетија нашите региони, сите кои со нас се сретнале ја критикуваат Грција. Да бидеме реални.

За жал за да има меѓународна интервенција (подрастична)  во една држава околу малцинските проблеми треба да има некој вид “насилство” од власт против “малцинство”. Краен пример-случај беше со Милошевиќ ’90-те, Босна, Косово и сл. Кога државата ги тепа брутално припадниците на малцинството, ако има жртви тогаш евентуално по драстично ќе интервенира меѓународниот фактор.

Или пак може да има и лицемерно однесување како Бугарија. Кога сакаше да стане членка на ЕУ само два месеци ја призна-регистрира македонската партија ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН, а кога влезе во ЕУ веднашбуграските судови, по налог на власта, ја укинаа партијата. Балкански “практики” односно типични анти-македонски, особено во Грција и Бугарија, држави  што не го признават и почитуват македонското малцинство и нација.

Во Албанија е поинаку. Не се оспорува македонскиот национален идентитет , но познато е дека само окулу Преспа е признато малцинството.  Генерално добро е да се лобира и да се работи за подобрување на состојбата на македонските малцинства насекаде, но зависи секако и од меѓународната атмосфера околу овие теми.

Генерално не сум оптимист окулу промени во Грција окулу македонското малцинство и признавање-почитување на основните малцински права. Често Грција се “вади” аргументарајки дека нема македоско малцинство туку само неколку Грци граѓани што употребуват некој си “идиом” и ништо повеќе. Грчката аргументација е од самиот почеток во загубена ситуација кога зборуваат или се обидуват да зборуват за “бројки”. Прво одбиват попис што ние официјално бараме да вклучува во пописите форми јазичноста и националната деференциација, а второто истакнуваме секогаш при сите меѓународни средби во очите пред Грчки Амбасадори или представник на државата со прашање:Акоокулу 1500 души во Стамбол во Турција, држава што има окулу 80 милиони граѓани можат да бидат национално малцинство, тогаш колку луѓе и која бројка може да дефинира за национално малцинство во Грција? Како и да е со сите проблеми и не фер избори Виножито добива многу повеќе илијади гласови од бројката на Грчкото малцинство во Стамбол….Што велите драги нашо сограгјани?”… Се разбира грчките “амбасадори” молчат…

ПРЕС24: Во кој степен изминативе години помогнаа активностите на Виножито за будење на нацционалната свест кај Македонците во Грција. Може ли да направите една споредба на тој процес... И што е главната пречка? Од каде доаѓа отпорот, некои велат од самите Македонци?

ВОСКОПУЛОС: Минатите години горе долу е познато како работаше и работи Виножито. Од една страна лобирање пред сите релевантните меѓународни центри поврзано со малцинските права. Апликации и добивање во Европскиот Суд за Човекови права кога борбата во сите судски нивоа во Грција ке завршат. Така мора спрема статусот во Стразбур и Советот на Европа. Обиди преку Евро-изборите да се истакнува Македонската компонента што и таму нема фер однесување на грчките власти. Се уште сме во судските сали што намерно ги развлекува грчкиот систем кога станува збор за Македонското малцинство секогаш… Посети во релевантите центри како Варшава и ОСЦЕ митинзи неколку пати, во Советот на Европа и соодветните Комисии за презентирања, во ОН Центар во Генева токму окулу малцинските права средби и покана за посета од соодветните Органи. Ова се случи и доаѓале експерти тука, заедно зборувавме и шетавме кај македонските села-средини. Слично во рамките на ЕУ и соодветната Комисија, представување во Парламентот заеднички со ФУЕН Меѓународната асоцијација. Организирање во Грција Конгреси и Конференцији од Виножито во разни региони намерно како потик на македонското население и подигнување на свеста. Меѓу нив дури и Конгрес во Солун шокантно за Грчката држава. Се разбира секогаш имавме подршка од нашата Европска Партија ЕФА-ЕПП што таму учествуваат Велшани-Шкотланѓани-Каталонци-Корсиканци- и други токму ова Европаска партија е вид “заштита” за да можеме да делуваме политички тука. Паралелно туркавме ипарламентарни прашања окулу македонското малцинство. Во пленарна манифестација во Европскиот Парламент наметнавме официјално зборување на македонски јазик. Транспаретно преведување од македонски на другите евроспки, дури и табла поставивме. Македонски јазик рамноправен со сите други официјални јазици. Благодарејќи и на нив регистриравме политичка партија во Грција, легална фиктивно, но не-легална во суштина со многу проблеми тука. Печатење на ХОБА 3ОРА весникот и делување при македонското население сите овие години. Печатење на познатиот АБЕЦЕДАРОТ од 1926 година како удар против Грчкиот национализам окулу непризнавањето на современ македонски јазик. Печатење на два тома Македонско-Грчки Речници благодарејќи на покојнот Васко Караџа што ни даде материјал, а ние го финализиравме со помош на експертите-лингвисти од Република Македонија конкртено Марија Цицева-Алексиќ. Промоција на овие книги не само во Атина, Солун и другите места туку и во Брисел.

Лобирање постојано во рамките на ЕУ, па дури и мини демострација во Европскиот Парламент окулу македонското малцинство во Грција. Организирање конференции окулу “бегалското прашање” во Грција во минатото. Демоснтација на Македонска-Грчка граница. Неколку пати обиди преку Мас Медији и да го претвориме дури и негативната реклама од Грчките националисти во наша корист околу македонските работи. Многу средби во нашите региони со активисти и Грци демократи за запознување на ситуацијата во Грција окулу македонското малцинство.

Овасе само дел главно настани за тоа како се делува тука сите овие години. Секако има и други делувања од членовите и Виножито дури околу подршка на културни друштва што се свесни Македонци во нашите региони.

Најголемиот отпор је од грчката држава и неговите структури. Од грчка УДБА, па до обични граѓани што така се “истренирани” со децении окулу македонското прашање и македонското малцинство во Грција. Главната пречка е дека преку признавање на македонско малцинсто, признавање на македонскиот национален идентитет, така ќе мора да се редефинира и да се промени грчката национална идеологија. Таму е суштината на проблемот. Грција со децении ги учи граѓаните дека Македонија е Грчка бидејќи македонско античко племе е грчко племе како Атинијаните, Спартанците и другите. Дека денешните Грци се потомци и апсолутни наследници на античката слава. Според нив и спрема теоријата античкото македонско племе е грчко и така современа Грција има апсолутно право на се и сешто античко. Грција одбива современ Македонски национален идентитет бидејќи ако почни ќе треба дискусија и за современиот Грчки идентитет бидејќи во суштина е илузија да се поврзуваат современите национални идентитети исклучително и само со антиката.

Во Грција нема реформа. Ако така почнеќе треба да се зборува на големо и за другите елементи како Арнаутското, Влашкото, Ромското, Отоманското и се друго поврзано со националниот идентитет кај просечен Грк. Вистински “кошмар” е за грцчите власти. Ќе се отвори дискусија за современиот Грцчи национален идентитет преку Македонското прашање.

Околу македонското малцинство пак секако има и асимилирани Македонци што се декларират како поголеми Грци од Грците базирајќи се на ова теорија што ја опишував околу антиката и славата од минатото. Асимилаторската политика продолжува веќе еден век и повеќе така што дава одредените резултати. Познато е. Еден брат Македонец, вториот Грк и третиот не-дефиниран. Сеење комплекс со децении така што кај секој граѓанин во Грција е тешко да се обиде да го одфрли новиот грцизам од себе. Жално, но реално е.

 

 

 

 

 

 

25.05.2017 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега